Градоначалникот Бакрачески во посета на Израел

Градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески од денес престојува во Израел каде е специјален гостин на „Светската конференција на главни градови“ која е во коорганизација на Министерството за надворешни работи на Израел, „Американско – еврејскиот Конкгреси“, „Американскиот Совет на Евреите“.

И покрај тоа што Бакрачески е Градоначалник на град кој не е главен град, тој на оваа конференција присуствува по специјална покана на нерезидентниот амбасадор на Израел задолжен за Република Македонија, Неговата Екселенција Дан Ориан.

Градоначалникот Бакрачески во рамки на конференцијата ќе се сретне и со премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху, кој ја врши и фунцкијата Минситер за надворешни работи.

Присуството на Градоначалникот Никола Бакрачески на „Светската конференција на главни градови“ претставува преседан, бидејќи Охрид не е главен град, а до сега на оваа конференција која се органзиира децении наназад никогаш не бил поканет Градоначалник кој не раководи со главен град.

Ваквата чест која преку поканата упатена до Бакрачески се прави на градот Охрид покажува дека врските со дипломатите кои Градоначалникот ги разви последната година и половина вордуваат со плод и повеќе од очекуваното,

Агендата на Бакрачески во Израел е набиена со бројни состаноци и настани поврзани со самата конференција, а надвор од настаните на конференцијата закажани се и работни средби со градоначалниците на Ерусалим и Тел Авив, средби со туроператори и туристички агенции како и авио оператори.

Исто така закажани се средби со менаџери на претпријатијата за дистрибуција, одвод и преработка на вода во Ерусалим и Тел Авив, како и со комуналните претпријатија во овие два града.

20_odnosi_Izrael_MK_4851