Во периодот од 08,00 часот на 17.10.2015 до 18.10.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 3.812 странски државјани, од кои, 2.030 се од машки пол, 653 се од женски, 844 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 285 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-2.264, Авганистан –726, Ирак-536, Иран-147, додека другите се во помал број.
Во периодот од 19.06.2015 до 18.10.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 152.830 странски државјани, од кои, 98.005 се од машки пол, 21.050 се од женски, 27.580 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 6.195деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-105.267, потоа Авганистан-25.192, Ирак-11.315, Пакистан-3.625, Иран-1.724, Палестина-1.492, Сомалија-806, Бангладеж-816, Конго-446, Нигерија-244, Камерун-218, Еритреја-204, додека останатите се во помал број
Во периодот од 08,00 часот на 17.10.2015 до 18.10.2015 година во 08,00 часот до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил .
Од започнувањето на издавањето на потврдите до 18.10.2015 година до Одделението за азил се поднесени 70 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 51 барања се од државјани на Сирија, од нив 15за деца, потоа пет барања од државјани на Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан , по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.