Денешната централна дебата во Скопје на тема: Парите кај граѓаните, извлекуваме од сиромаштија предизвика големо внимание. Постои свест дека нерамномерната распределба на доходот е една од актуелните политики што генерира сиромаштија. Мерките на СДСМ за праведни даноци, насочување на парите кон граѓаните, стабилен систем на социјална заштита, економски стабилни семејства, економски стабилна држава, ги преставија Драган Тевдовски, претседател на Комисијата за економија и Мила Царовска, претседателка на Комисијата за труд и социјална политика.
Сите мислења и предлози на граѓаните, на граѓанските здруженија, невладиниот сектор, професори, експерти се внимателно забележани и ќе бидат земени предвид при заокружувањето на Програмата.