Вчера издадени 3.257 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил

Во периодот од 08,00 часот на 20.10.2015 до 21.10.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 3.257 странски државјани, од кои, 1.843 се од машки пол, 477 се од женски, 716 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 221 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.569, Авганистан –1.196, Ирак-272, додека другите се во помал број.

Во периодот од 19.06.2015 до 21.10.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 161.692 странски државјани, од кои, 102.713 се од машки пол, 22.513 се од женски, 29.740 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 6.726деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-110.341, потоа Авганистан-27.376, Ирак-12.278, Пакистан-3.808, Иран-1.993, Палестина-1.544, Сомалија-831, Бангладеж-836, Конго-450, Нигерија-246, Камерун-220, Еритреја-204, додека останатите се во помал број.

Во периодот од 08,00 часот на 20.10.2015 до 21.10.2015 година во 08,00 часот до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил .

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 21.10.2015 година до Одделението за азил се поднесени 70 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 51 барања се од државјани на Сирија, од нив 15за деца, потоа пет барања од државјани на Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан , по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 20.10.2015 година евидентирани се вкупно 7 баратели на азил од кои 6 баратели на азил се мажи и 1 барател на азил без придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита 2 баратели на азил

(малолетно лице со придружба на старател и еден маж) се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.