Мултилатерален состанок помеѓу царините на Унгарија, Кина, Србија и Македонија

На 20-ти и 21-ри октомври во Скопје се одржа Мултилатерален состанок на тема „Анализа на ризик во транзитна постапка” помеѓу Царинските служби на Унгарија, Народна Република Кина, Република Србија и Република Македонија.

Состанокот, организиран од Царинската управа на Република Македонија, а на кој присуствуваа претставници на царинските служби од споменатите држави, е продолжение на активностите од Рамковниот договор за соработка во олеснувањето на царинењето помеѓу Царинските служби на Кина, Унгарија, Србија и Македонија, склучен во декември 2014 година во Белград.

На состанокот беше усвоен Акционен план со конкретни активности за соработка во областа на транзитната постапка чија основа е воведувањето на компјутеризирана европска транзитна постапка. Македонија, по завршувањето на сите подготовки, на 1 јули 2015 година пристапи кон Конвенциите за заедничката транзитна постапка и за поедноставување на формалностите при трговија со стока со што се обезбеди единствено движење на стоката во рамките на земјите членки, од една влезна точка до местото на завршување на транзитната постапка.

На состанокот, учесниците ги претставија своите искуства за примената на анализата на ризик, во согласност со препораките на Светската царинска организација, со цел намалување на недозволената трговија, но и забрзување на царинските формалности и транспортот.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA