Вчера издадени 3.506 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил

Во периодот од 08,00 часот на 21.10.2015 до 22.10.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 3.506 странски државјани, од кои, 1.836 се од машки пол, 649 се од женски, 768 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 253 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-2.040, Авганистан –837, Ирак-347, додека другите се во помал број.

Во периодот од 19.06.2015 до 22.10.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 165.197 странски државјани, од кои, 104.548 се од машки пол, 23.162 се од женски, 30.508 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 6.979деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-112.381, потоа Авганистан-28.213, Ирак-12.625, Пакистан-3.850, Иран-2.081, Палестина-1.564, Сомалија-869, Бангладеж-853, Конго-457, Нигерија-250, Камерун-220, Еритреја-204, додека останатите се во помал број.

Во периодот од 08,00 часот на 21.10.2015 до 22.10.2015 година во 08,00 часот до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил .

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 22.10.2015 година до Одделението за азил се поднесени 70 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 51 барања се од државјани на Сирија, од нив 15за деца, потоа пет барања од државјани на Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан , по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 21.10.2015 година евидентирани се вкупно 4 баратели на азил, сите мажи. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита 2 баратели на азил ( малолетно лице со придружба на старател и еден маж ) се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.

Црвен крст мобилни тимови

20.10/ 21.00 ч. – 21.10 / 21.00 ч.
Табановце

Укажана прва помош на : 423 лица
Вода 160 шишиња
Пакети со храна: 20
Пакети со хигиена:6
Бисквити: 5 кутии ( х 100)

Млеко за бебе:4
Шише за бебе:9
Ќебиња: 93
Пелени за бебе: 22

Гевгелија
Укажана прва помош на: 678 лица
Вода :1494 шишиња
Пакети храна:70
Мини пакети со храна: 270
Бисквити:23 кутии( х 100)

Ќебиња:822
Бебе сет: 3
Кабаници 40
Чоколадно млеко: 90
Транспорт од Камен 59 до Винојуг:5.