Одбележан патрониот празник на ОУТУ „Ванчо Питошески“

Свечено одбележување на патрониот празник – 18 Октомври. Почит кон Патронот и положување свежо цвеќе. Свечен коктел со различна гастрономска понуда подготвен и послужен од страна на учениците под менторство на стручните професори. 

Директорката Весна Темјаноска во своето обраќање пред колегите и гостите кои пристигнаа на свечениот коктел рече дека чествувањето на патронот е потсетување на дел од нашето минато. Големите борци и херои како што е Ванчо Питошески треба да се споменуваат, да се чествуваат и да бидат наши водилки низ животот, додадае таа. Со одбележувањето на нашиот патронен празник го одбележуваме и постојаниот растеж на ова училиште.

„Гордост и чест е да се биде дел од овај колектив кој постојано и неуморно го гради ова училиште кое не само што образува и воспитува. Овде се создаваат компетентни стручни млади кадри, подготвени да одговорат на современите барања на угостителството и туризмот да се вклучат и да дадат свој придонес во туристичкиот развој на Охрид и пошироко“.- рече Темјаноска.

Директорката зборуваше и за многубројните учества на домашни и меѓународни натпревари од каде учениците се враќаат со голем број награди, но и со скапоцени искуства кои понатаму можат да ги применат.

Во рамките на одбележувањето на патрониот празник презентација на наградените трудови на учениците од одржаните натпревари, организирани спортски игри, турнири во мал фудбал, ракомет и кошарка, како и хуманитарна акција за „Недела против гладта“.