ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани им го честита денешниот празник 23-ти Октомври, Денот на македонската револуционерна борба.
„На денешен ден беше запалена искрата која го разгори огнот за национално ослободување на Mакедонија.
Идејата за организирана револуционерна борба беше водилка на илјадници македонски дејци, револуционери и херои. Нивната саможртва го одржа жив до ден денешен нивниот аманет и заклетва за слободна и независна Македонија која секој од нас треба да ја гради и сесрдно да придонесува во нејзиниот напредок.
Да ни е честит и вековит празникот!
Нека е вековита идејата на организацијата!
Нека е вечна Макединија!“– стои во честитката.