СВР Охрид со честитка за 23-ти Октомври

По повод празникот 23-ти Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, од СВР Охрид упатуваат честитки до сите граѓани и желби за среќен и долговечен празник.

„Почитувајќи ги вековните идеали и стремежи за слобода на македонскиот народ, како демократска и професионална институција, доследно ја продолжуваме борбата за изградба на стабилен безбедносен систем и ефикасно справување со криминалитетот. Работиме неселективно, законски и етички, имплементирајќи ги современите Европски стандарди за полициско работење и проактивен пристап со јавноста.

Посветени сме кон почитување и зајакнување на човековите права и слободи и блискост со граѓаните и го даваме нашиот придонес во зацврстувањето на Република Македонија како правна, модерна и безбедна Европска земја.“– се вели во честитката.