Осумнаесетгодишник за еден месец измамил шестмина турски студенти “заработувајќи“ околу 54.000 денари

СВР-Скопје до надлежното ОЈО поднесе кривична пријава против С.Б. (18) од Скопје поради основано сомнение дека извршил шест кривични дела “измама“ предвидени и казниви по чл. 247 од КЗ на РМ притоа стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 54.000 денари.

Имено, пријавениот со намера за себе да прибави противправна имотна корист во шест наврати измамил шест лица турски државјани. Кривичните дела ги извршил во временскиот период септември – октомври годинава, и тоа две на подрачје на Бит Пазар и четири на подрачје на Центар. Тој со лажно прикажување на факти на странските државјани – студенти, им ветувал дека ке им извади лични карти за странец и за таа услуга од нив земал пари. Меѓутоа С.Б. ниту им извадил лични карти за странец во РМ ниту им ги вратил паричните средстава на оштетените . С.Б претставувајќи се дека има фирма за недвижности на некои од измамените им ветувал дека ќе им обезбеди и стан под кирија при што им земал пари за капар и пари за провизија, за што пријавениот им давал парагон ливче каса -прими без печат, и при тоа се договарале наредниот ден да одат на нотар со цел да го заверат договорот за закуп на стан меѓутоа во закажаниот термин С.Б. не се појавувал.

На 19-ти овој месец во ПС ОН Центар обавен е разговор со лице исто така турски државјанин кој пријави дека е во преговори со пријавениот да му обезбеди стан под закуп за кој треба првично да плати одредена сума на пари. Набргу С.Б. е лоциран а потоа и лишен од слобода и донесен во ПС ОН Центар за расчистување на пријавените кривични дела. Во ПСОН Центар С.Б. во присуство на бранител се бранел со молчење а од него со потврда за привремено одземени предмети одземен е еден парагон блок со 18 употребени ливчиња. Во ПС ОН Центар неповикано дошла и С.С. мајка на пријавениот која појасни дека С.Б. не работи во фирма за недвижности и не е овластен од истата да превзема работи во нејзино име. Инаку, од страна на СВР Скопје против С.Б. во 2013 година поднесена е една кривична пријава од областа на имотните деликти по чл. 247 од КЗ на РМ.