Охрид од 29-ти до 31-ви октомври ќе биде домаќин на меѓународна конференција на тема „Стресот и анксиозните растројства низ различни животни фази“.
„Конференцијата ќе ни отвори можности да ги споделиме и дискутираме најновите теоретски и практични сознанија во областа на стресот, анксиозноста и справувањето со нив. Конференцијата пружи прилика и за професионално поврзување и соработка“, велат организаторите.
Пред бројни психијатри од Македонија и од неколку странски земји, ќе се дебатира за стресот, анксиозноста и растројствата во различни животни фази, кај децата и адолесцентите, кај возрасните, но и теми за професионалниот стрес, стресот во семеен контекст, стресот и суицидалните идеации, стресот и болестите на зависност.