Во текот на изминатото деноноќие односно од 08,00 часот на 23.10.2015 до 24.10.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 2.371 странски државјани, од кои, 1.748 се од машки пол, 528 се од женски, 1.025 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 95 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.186, Авганистан –624, Ирак-256, додека другите се во помал број. Во истиот временски интервал до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Заклучно со овие бројки, во периодот од 19.06.2015 до 24.10.2015 година издадени се потврди на вкупно 170.823 странски државјани, од кои, 107.851 се од машки пол, 24.268 се од женски, 32.284 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 7.445 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-115.853, потоа Авганистан-29.280, Ирак-13.207, Пакистан-3.879, Иран-2.325, Палестина-1.593, Сомалија-871, Бангладеж-867, Конго-467, Нигерија-250, Камерун-221, Еритреја-205, додека останатите се во помал број.
Од започнувањето на издавањето на потврдите до 24.10.2015 година до Одделението за азил се поднесени 70 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 51 барања се од државјани на Сирија, од нив 15 за деца, потоа пет барања од државјани на Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан , по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.