СВР Куманово со кривична пријава до ОЈО Куманово ги спроведе лицата И.М. (29), Д.П. (21), Т.И. (31) и Р.М. (19) сите од Куманово поради основано сомнение дека прво, второ и трето пријавениот сториле кривично делo – “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 215 став 1, додека четвртопријавениот поради сомнение дека сторил кривично дело “помагање“ по член 215 во врска со член 24 од Кривичен Законик на Република Македонија.
Имено, на 20-ти овој месец откако првопријавениот И.М: бил во друштво со Д.П. договориле заедно со четвртопријавениот Р.М. купопродажба на дрога од лице од с.Сингелиќ. По ова му се јавил на третопријавениот Т.И. да се сретнат за да ги превезе до Скопје во населбата Ченто. Откако стигнале на паркинг плацот на маркет во Скопје, пристигнало зесега непознато лице со ПМВ, со кого И.М. и Р.М. се состанале и по краток договор, непознатото лице и Р.М. заминале со ПМВ, додека Т.И. и Д.П останале да чекаат на паркингот. По околу 15 минути Р.М. се вратил со една најлонска ќеса, со наркотична дрога марихуана која му ја предал на И.М. На регионалниот пат Арачиново-Куманово, во близина на с.Никуштак, ПМВ марка “Шкода Фабија“ со кумановски регистарски таблички управувано од Т.И. било сопрено од страна на полициски службеници од СВР Куманово, при што И.М. ја фрлил ќесата од возилото, што било забележано од страна на полицијата.
Пријавените се лишени од слобода и приведени во просториите на СВР Куманово. По претходно добиена усмена наредба издадена од Судија на претходна постапка при Основен суд Куманово, од страна на полициски службеници на СВР Куманово, извршени се претреси во домовите на пријавените, при што кај Д.П била пронајдена една дробилка со остатоци од непозната растителна материја која била одземена со потврда за привремено одземени предмети. Одземените предмети се доставени до ОКТ при МВР на РМ и по извршено вештачење е утврдено дека се работи за наркотична дрога марихуана со вкупна нето маса од 506,2 грама.
По спроведена постапка од страна на Судија на претходна постапка на прво и четвртопријавените им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, и истите се спроведени во КПУ Затвор Куманово-с. Кшање.