Вчера издадени потврди за 3130 странски државјани

Во периодот од 08,00 часот на 24.10.2015 до денес (25.10.) во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 3.130 странски државјани, од кои 2.210 се од машки пол, 629 се од женски, 950 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 291 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.311, Авганистан – 788, Иран-296, Ирак-257, додека другите се во помал број. Во истиот период пак до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Во периодот од 19.06.2015 до 25.10.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 173.953 странски државјани, од кои, 110.061 се од машки пол, 24.897 се од женски, 33.234 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 7.736 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-117.164, потоа Авганистан-30.068, Ирак-13.464, Пакистан-3.940, Иран-2.621, Палестина-1.596, Сомалија-917, Бангладеж-879, Конго-471, Нигерија-251, Камерун-221, Еритреја-207, додека останатите се во помал број.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 25.10.2015 година до Одделението за азил се поднесени 70 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 51 барања се од државјани на Сирија, од нив 15 за деца, потоа пет барања од државјани на Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан , по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.