Трет триумф во низа во регионалната АБА лига за македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром. Синоќа во рамките на 7 коло на домашен терен во СЦ „Јане Сандански“ металците ја победија Цибона со 69:68 (16:17; 21:15; 15:21; 17:15).
Натпреварот беше резулатски израмнет во сите 40 минути, а на полувремето македонскиот првак водеше со 37:32. Во вториот дел гостите по десет минути игра стигнаа и до водство од 53:52. На стартот од последниот период Цибона поведе со 56:52, но потоа следуваше решавачката серија (12:0) на МЗТ Скопје за победа.
Ѓорѓе Дреновац со 18 поени беше најефикасен, додека Марко Луковиќ постигна 13.
По овој успех нашиот шампион е на делба на третото место на табелата со идентичен скор од 4 победи и 3 порази со екипите на Олимпија и Игокеа, на првите две места во АБА се Будуќност (6-1) и Мега Лекс со (5-2).