Месните преработки можат да предизвикаат рак на цревата кај луѓето, а најверојатно црвеното месо е причината за тоа. Ова денес го соопшти Светската здравствена организација.
Работна група од 22 експерти од 10 земји од Агенцијата за истражување рак (IARC) која работи во состав на Светската здравствена организација (WHO) го класифицираше конзумирањето на црвено месо како веројатно канцерогено за луѓето (Група 2А), врз основа на ограничени докази дека потрошувачката на црвено месо предизвикува рак кај луѓето и цврсти механистички докази за канцероген ефект.
„За една индивидуа, ризикот од развој на рак на дебелото црево останува мал, но овој ризик се зголемува во зависност од количината на преработено месо кое се консумира“, вели д-р Курт Страиф, раководител на Програмата на IARC, кој додаде дека „Со оглед на големиот број на луѓе кои консумираат обработени месо, глобалното влијание на инциденцата на ракот има огромно значење за јавното здравје“.
Работната група на IARC направи повеќе од 800 студии кои испитуваат повеќе од десетина видови на рак поврзани со потрошувачката на црвено месо и преработките од месо во многу земји и популации со разновидна исхрана. Највлијателните докази дојдоа од голема група студии спроведени во текот на изминатите 20 години.
Целосниот извештај на англиски јазик може да го погледнете на следниот → линк ←.
Светска здравствена организација / Превод: WebOhrid