Вечерва полска вечер во рамките на фестивалот „Охридско Лето“ со почеток од 21:00 часот во предворјето на црквата Св.Софија, македонска филхармонија солисти од Полска Александра Лелек – виолончело, Бартос Козаик – виолончело, Рафал Квиатковски – виолончело и Диригент Кшиштоф Пендерецки.
Кшиштоф Пендерецки е роден на 23 ноември 1933 г. Негоиот татко – правник и посветен виолинист-аматер – многу рано му овозможи на синот контакт со музиката. На 18 години Пендерецки беше примен на конзерваториумот во Краков, истовремено студирајќи филозофија, историја на уметноста и историја на литературата на универзитетот, а од 1954 г. – композиција на Краковската Државна академија на музиката. Во 1958 г. по завршувањето на студиите тој стана професор на Musikhochschule.Во 1959 г. Пендерецки доби прва награда на 2-от Варшавски натпревар на младите полски композитори организиран од Сојузот на композиторите, а година подоцна неговото дело „ANAKLASIS“ беше одбележано во медиумите. Со следните композиции тој доживуваше сè поголеми успеси, добивајќи значајни награди – наградата на УНЕСКО, наградата „Great Arts“ на Северна Рајна-Вестфалија и „Prix Italia“ за „ST. LUKE PASSION“.
Во периодот 1966-68 г. Пендерецки предаваше на Essen Folkwang Hochschule кадешто започнал да работи на неговата прва опера „THE DEVILS OF LOUDON“ (според книгата на Олдос Хаксли). По премиерата во Хамбуршката Државна Опера во 1969 г. ова дело успешно се изведувало во театрите ширум светот. Понатаму следеа уште три опери: „PARADISE LOST“ (1978), „DIE SCHWARZE MASKE“ (1986) и „UBU REX“ (1991).Во 1968 г. Пендерецки стана стипендист на DAAD (Германскиот сервис за академска размена) во Берлин и во 1970 г. ја доби наградата на Сојузот на полските композитори. Од 1973 г. тој беше ректор на Високата музичка школа во Краков, а од 1973 до 1978 г. – професор на Универзитетот на Јеил, „New Haven“. Во овој период Пендерецки гостувал ширум светот, стекнувајќи меѓународен углед како диригент на своите дела и делата на други композитори.
Меѓу значајните награди кои Пендерецки ги доби за своите композиции се наградите „Артур Онегер“, „Сибелиус“ на Wihouri Фондацијата, Државната награда на Полска и Grawemeyer Award за музичка композиција на Универзитетот во Луисвил.
Пендерецки е на водечки позиции во академските и други институции во Германија, Литванија, Австрија, Хонг Конг, Шпанија и Летонија и прогласен е за почесен член, почесен доктор и почесен професор на бројните водечки академии во Лондон (Кралската Академија на музиката), Рим, Стокхолм, Берлин, Буенос Ајрес, Пекинг, Вашингтон и многу други.
Пендерецки продолжува да компонира – меѓу неговите неодамна создадени значјни дела се CONCERTO GROSSO (2001), PIANO CONCERTO (2002), SYMPHONY NO. 8 (2007), CONCERTO FOR HORN AND ORCHESTRA (2008), STRING QUARTET NO. 3, THREE CHINESE SONGS (2008), A SEA OF DREAMS DID BREATHE ON ME за сопран, мецо сопран, баритон, хор и оркестар (2010).
Најновите остварувања на Пендерецки се DOUBLE CONCERTO FOR VIOLIN AND VIOLA (премиерно изведен на 22 октомври 2012 во Musikverein во Виена со Жанин Јансен и Џулиан Рахлин како солисти) и новата верзија на операта THE DEVILS OF LOUDUN премиерно изведена во Копенхаген на 12 февруари 2013 г.