Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против К.Х.(30) од Измир Република Турција.
На 25-ти август годинава, по добиена согласност од сопственикот, извршен е претрес во стан во Струга што пријавениот привремено под закуп го користел. Притоа, во една од собите пронајдено е најлонско кесе со мешавина од тутун и марихуана со нето маса од 2,81 грама.
Пријавениот К.Х. кој е студент на еден Меѓународниот универзитет во Струга, опојната дрога ја набавил во казино во Струга.