Нови претреси во скопско и во Куманово по акцијата во Диво Насеље

Министерството за внатрешни работи утринава (28.10) постапувајќи врз основа на наредба Судија на претходна постапка изврши претреси на дом и други просториии на три локации и тоа во Куманово, во с.Отља и во с.Арачиново, кај лица осомничени за извршувањена кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“ по член 313 од Кривичниот Законик на Р. Македонија. Името станува збор за три лица на возраст од 35-41 година од кои едно од с. Брест едно лице од с. Отља како и едно лице од Куманово за кои лица во текот на истрагата се обезбедени докази за нивна инволвираност во пружање логистичка поддршка на криминално терористичката група од Диво Насеље.

За време на извршените претреси лицата не се обезбедени и по нив сеуште се трага, а при претрес во домот во с.Отља пронајдени и одземени се четири мобилни телефони, три сим картички како и држач за сим картичка.

Пронајдените и одземените предмети ќе бидат предадени на надлежен Јавен Обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција.