Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) „Зголемување на пазарната вработливост“ имплементирана од Швајцарски контакт, со поддршка на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, организира обуки за органско производство, наменета за агрономи или лица со претходно искуство во земјоделието.
Обуката ќе ја спроведува Федерацијата на производители на органски производи на Македонија и тоа во Битола од 03 до 07 ноември 2015, во Струмица од 10 до 14 ноември и во Скопје од 17 до 21 ноември 2015.
Учество ќе земат гости-предавачи и претставници од компании вклучени во процесот на органско производство како потенцијални работодавачи од агро-секторот во Македонија.
Обуката се однесува на одгледување и преработка на зеленчук и овошје како и процедурите за контрола и сертификација.
По завршување на обуката, обучените лица ќе може да понудат советодавни услуги на фармерите, сертификациските тела, кооперативите и другите корисници.
Се охрабруваат невработени стручни лица, особено младите лица и жените, да аплицираат за учество на обуката со што би стекнале знаења кои би ги подобриле нивните можностите за вработување или отпочнување на сопствен бизнис.
Кандидатите треба да испратат кратка биографија на: info@fpopm.com
За подетални информации обратете се на: 078-212-388.