Во рамките на проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, имплементиран во Македонскиот центар за граѓанско образование, учениците од охридската гимназија „Св.Климент Охридски“, деновиве учествуваа на Фестивалот на изведувачки уметности и добри практики „Be creative, Be interactive, Be interethnic “ кој се одржа во Младинскиот културен центар во Скопје.
„На овој еднодневен фестивал се престави со преставата „Разгледница од Охрид“ која беше подготвена во рамките на креативните работилници во нашето училиште. За Фестивалот беа избрани најдобрите престави од Македонија, меѓу нив и оваа престава. Впечатоците што ги остави преставата кај гледачите беа одлични, што укажува на тоа дека проектот беше многу успешен.“– велат од гимназијата.
Ментори на овие креативни работилници и преставата се Професорите Катерина Слатиноска и Стефан Каневчев.