Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2015 година, во однос на август 2014 година, изнесува 103.1.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (11.9%), Рударство и вадење на камен (7.8%) и Стручни, научни и технички дејности (7.6%).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Стручни, научни и технички дејности (8.3%), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (5.2%) и Информации и комуникации (4.4%).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2015, изнесува 21 882 денари. Во август 2015 година, 1.2% од вработените во Република Македонија не примиле плата.