Ј.П. „Охридски Комуналец“ – Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на 31 октомври (сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) во У.З.6 „Даме Груев“ и У.З.10 „Горна Влашка Маала“ (комплекс згради „Христо Узунов“, „Карабегобамала“ и „Горна Влашка Mаала“).
Се молат граѓаните кои живеат во горенаведената урбана заедница доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10:00 часот и претходно да го пријават во Р.Е. „Механизација“ на телефонот 046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П. „Охридски Комуналец“ благовремено да го подигнат. Зелениот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.