Необичен музички театарски перформанс донесе Подвижниот театар од Битола на Охридско лето

Младото театарско „Охридско лето“ синоќа донесе монотеатарска опера. Подвижниот театар од Битола го долови „Дневникот на Лудиот“ од Николај Василевич Гогољ, во режија и адаптација на Марјан Нечак. Преку ова театарска поставка, актерот Озрен Грабариќ и претстави на фестивалската публика специфичната форма на изразување преку музика .

„Музиката според мене е средство на изразување, наспроти денешницата во која музиката се повеќе е само форма, убави гласови, убави тонови, но површни и досадни. Тоа е можеби најголемиот плус во оваа наша заедничка работа“, вели Грабариќ. Според него, независно специфичната поставка, главнината на текстот на Гогољ протекува низ целата претстава, одредени делови се изразени низ песна, одредени низ слика, а некои низ игра.

„Гогољ иако го напиша ова дело пред 250 години, темата е многу актуелна и секој ден се среќаваме со овој тип социјални проблеми секојдневно. Затоа мислам дека со оваа претстава допираме до секое срце и ќе отвориме барем едно прашање:кои сме и што сме и дали секогаш знаеме да се справиме во права ситуација,“ вели тетарскиот композитор, режисер и сценарист на претставата Марјан Нечак.

„Дневникот на лудиот“ од Н. В. Гогољ се смета за прв детален запис за шизофренија, уште пред болеста да биде призната и именувана во медицинската пракса. Како и да е, го доведува во прашање целиот свет во којшто личноста се обидува да го открие својот идентитет и општествен статус. Преку приказната на Попришкин, Гогољ на луциден начин зборува за болеста на општеството и не потсетува дека сите ние сме во некаков конфликт со реалноста. Додека конфликтите помеѓу Истокот и Западот, левицата и десницата, религиозниот и атеистичкиот свет, стануваат сè посилни, секој се бори за својата нормалност и во оваа борба тој е прогласен за луд. 

gogolj1 gogolj2 gogoljpublika