Светски ден на градовите

Свесни за значењето на основните урбанистички услуги како основа за севкупниот општествен и економски развој, Генералното собрание на Обединетите нации со резолуцијата 68/239 од 27 декември 2013 година, го назначи 31 Октомври како Светски ден на градовите, кој започна да се одбележува во 2014 година.

Планираната урбанизација драстично го зголемува капацитетот на градовите за да се генерираат вработувањето и благосостојбата, и да се поттикне различноста и социјалната кохезија меѓу различните класи, култури, етнички групи и религии. Градовите создадени со цел да се живее заедно создаваат можности, овозможуваат поврзување и интеракција, како и олеснување на одржливо користење на заеднички ресурси.

Темата на Светскиот ден на градови за 2015 година го промовира соживотот и хармонијата, правејќи ги нашите градови и населби инклузивни и погодни за живеење.

„Клучната улога на урбанистичките проекти е да се изгради одржлива, социјално интегрирана и просперитетна урбана средина, што може да се справи со климатските промени. Тоа го намалува влијанието на катастрофите. Тоа може да помогне да ги направи нашите градови побезбедни, почисти, а поеднакви и интегративни.“ – истакна генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун.

WebOhrid