Црвен крст Охрид традиционално ќе ја одбележи Неделата на грижа за стари лица

Во рамки на своите програмски активности од социјално-хуманитарната сфера, Црвен крст Охрид традиционално и оваа есен од 23-29 Ноември ќе ја одбележи Неделата на грижа за стари лица.

Како дел од предвидените активности, Црвен крст Охрид ќе распише конкурс за избор на најстар жител / жителка во општините Охрид и Дебрца, како и конкурс за избор на брачен пар со најмногу поминати години во брак во Охрид и Дебрца.