Земјотрес ги вознемири жителите во југозападна Македонија

Утрово во 7 часот и 26 минути во Охрид беше почувствуван земјотрес кој траеше околу 15 секунди. Неговиот епицентар беше во Албанија, 34 километри источно од Тирана, со интензитет од 4,9 степени според Рихтер на длабочина од 10 километри.

Земјотресот најмногу беше почувствуван во Тирана и околните населени места, но и кај нас, во југозападниот дел од Македонија.

Во изминатите 24 часа на истото подрачје беа регистрирани неколку земјотреси.

WebOhrid