Нова победа за РК „Охрид 2013“

РК „Охрид 2013“ забележа уште една победа во рамките од ВИП македонската машка Суперлига. Синоќа во Спортската сала „Македонско сонце“ во Велес, охридските ракометари го победија тимот на „Пролет 62“ со резултат 20-24.

Предноста во овој натпревар „Охрид 2013“ ја направи уште во првото полувреме, кое го доби со резултат 9-13. Следуваше рамноправна игра во второто полувреме, но Охрид ја задржа разликата од 4 голови, за конечен резултат 20-24.

На табелата води тимот на Металург со 21 бод, додека пак Охрид 2013 е на второто место со 18 бодови, исто колку што има и тимот на Работнички.

WebOhrid