Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, утре со почеток во 12 часот, во големата сала на општина Охрид, организира инфо- ден за промоција на програмата „Еразмус плус“.
Целта на програмата „Еразмус плус“ е зајакнување на вештините и можностите за вработување, модернизација на образованието, обука и младинска работа, како и обезбедување на можности за над 4 милиони Европејци да учат, да стекнат работно искуство и да волонтираат во странство.