Се намалуваат цените на нафтените деривати

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 2,02%, одлучи денес Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98 ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 19.10.2015 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 62,00 ден/лит, на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 64,00 ден/лит, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 49,50 ден/лит и цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 38,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,570 ден/кг, во однос на цената утврдена согласно Одлуката од 19.10.2015 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 21,313 ден/кг.