Структурни деловни статистики за 2014 година

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, во 2014 година, во рамките на структурните деловни статистики се анализирани 53 238 деловни субјекти со 345 709 вработени лица, во кои е остварен вкупен промет од 992 592 милиони денари и e создадена додадена вредност од 209 468 милиони денари.

Најголем број од претпријатијата припаѓаат на секторот Трговија на големо и на мало (43.0%), со 26.4% од вкупниот број на вработени и реализирани 43.7% од вкупниот промет. Како втор по значење, секторот Преработувачка индустрија учествува сo 13.2% од претпријатијата, 31.0% од вработените и 25.5% од вкупниот
промет.

Во вкупната додадена вредност, пресметана според факторот на трошок, во 2014 година, најголемо учество имаат претпријатијата од секторот Преработувачка индустрија (26.8%) и секторот Трговија на големо и на мало (23.5%).

Во однос на големината, во 2014 преовладуваат микропретпријатијата со помалку од 10 вработени (90.7%). Во нив се ангажирани 33.3% од вкупно вработените кои, пак, создале 23.2% од вкупната додадена вредност. Од друга страна, во големите претпријатија (0.3%) се ангажирани 24.4% од вкупниот број на вработени, со остварени 34.5% од вкупната додадена вредност во рамките на деловниот сектор.