Успешно започната првата македонска Стенд Ап турнеја

Актерот и стенд ап комичар Бојан Велевски успешно ја започна својата голема македонска турнеја низ 30 градови. По одличните настапи во Штип и Крива Паланка на 5ти и 7ми ноември продолжува со стенд ап комедија во Кочани и Гевгелија, а потоа следуваат и останатите градови од источна Македонија. Сите настапи се одржуваат во Домовите на култура.

Бојан е првиот македонски стенд ап комичар кој се реши на ваков чекор- да ги посети сите македонски градови и бар за момент публиката која доаѓа да заборави на своето секојдневие и да се препушти на смеата. Материјалот од час и половина го подготвува сам, а покрај турнеата, активен е со видеа на Јутјуб, а и во играната серија „Цимери“.

https://www.youtube.com/watch?v=S0WIx_YmsiQ

„Во Штип и Крива Паланка докажавме дека народот е навистина жеден за стенд ап комедија. Продолжувам со исто темпо и во останатите градови од државата. Сакам да го направам она што не го направил ниту еден стенд ап комичар кај нас- да направам голема турнеја во сите македонски градови, која ќе финишира во Скопје. Луѓето знаат да препознаат квалитетна комедија и добар хумор, а воедно и добро да се забавуваат“- вели Бојан за неговата турнеја.

До следниот настап насмејте се со неговото последно видео- Ало докторе!

https://www.youtube.com/watch?v=k7DSHiLTdaI

bojan velevski1 bojan velevski 2 bojan velevski3