„Помогнете и на Македонија и на сите нас“ e апелот на граѓаните на Велес и велешко кои се сретнаа со генералниот секретар Оливер Спасовски и со претставници на СДСМ.
Велат секој ден е сé потешко.
„Нé запусти оваа власт. Не можеме крај со крај да врземе.
Низ горчина говорат за искуствата со извршителите кои им го земаат последниот денар.
Населените места Башино село и Горно Оризари немо сведочат за пустината. Оставено на забот на времето е недовршеното училиште уште од мандатот на претходниот градоначаник. Деца малку. Возрасни исто така.
600 илјади граѓани, најголем број млади, ја напуштија земјава, затоа што не гледаат перспектива. Ние заедно со вас ја враќаме надежта. Се менуваат работите, а ќе си ги вратиме децата дома“, рече Спасовски.
Тој додаде дека голема сила влече СДСМ од вербата што ја чувствува од граѓаните.
Граѓаните на Велес меѓу кои има и многу стечајци се интересираа за нивната егзистенција.
„Во првите сто дена по промената на власта, ќе го решиме статусот на стечајните работници“, одговори Спасовски.
Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски во Велес и велешко беше придружуван од претседателот на Комисијата за животна средина Пеце Мирчески, од претседателката на Форум на жени, Цветанка Ласкова и од потпретседателот на партијата, Дамјан Манчевски.