Вчера околу 16.30 часот во Мотелот „Пржо“, Битола во една соба од страна на вработените биле пронајдени две починати лица. Двете тела биле пронајдени на креветот покрај купатилото едно до друго без облека и во фаза на распаѓање. Во собата биле пронајдени и документи за лична идентификација. Од страна на Јавен Обвинител и увидна екипа од СВР Битола бил извршен увид и е констатирано дека се работи за лицата И. К. (33) од Битола и И.Ѓ.(27) , исто така, од Битола. Смртта е констатирана од страна на ИМП Битола.
Имено, на 24.10.2015 година И.К. изнајмил соба во мотелот и подолго време не излегувал од неа. Вработените се посомневале и влегле во собата насилно отварајќи ја вратата, затоа што била заклучена од внатрешната страна со клучот оставен во бравата. Од страна на Јавен обвинител е наредена обдукција на двете тела. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.