Расчистено речното корито на Грашница на потегот по ул. „Прилепска“

Речното корито на реката Грашница е расчистенo на потегот по ул. „Прилепска“ до пресекот со ул.„Железничка“.

„Моментално на овој потег нема водостој, па речното корито се расчистува од бујната вегетација, како и комуналниот отпад кој е тука расфрлан.“- велат од ЈП „Охридски Комуналец“.

Оттаму апелираат до околното население да не се фрлаат отпадоци во речното корито зошто стануваат потенцијална загадувачи на Охридско Езеро. Велат, со надоаѓање на реката истите ќе завршат во езерото.

prilepska1