Со низа активности ќе се одбележи Денот на ослободувањето на Охрид

Вечерва со почеток во 19 часот, со седмоноемвриски концерт на ученците од ОМУ „Методи Патче“ ќе започнат одбележувањата по повод 71 година од ослободувањето на градот Охрид.

Програмата за одбележување на седумдесет и една година од ослободувањето на Охрид е следна:

Датум : 05.11.2015 година (четврток)

Седмоноемвриски концерт на учениците од ОМУ „Методи Патче“

Време : 19.00 часот

Место : Голема сала на Општина Охрид

Датум : 06.11.2015 година (петок)

Полагање свежо цвеќе на спомен-обележјата од НОБ

Време : 11.00 часот

Место : Градски парк и другите спомен-обележја од НОБ

Свечена седница по повод 7 Ноември – Денот на ослободувањето на Охрид

Време :13.00 часот

Место: Голема сала

– Изведба на химната на Р. Македонија

– Обраќање на претставник на Локална самоуправа

– Обраќање на претставник на ОО на Сојуз на борци на Охрид и Дебрца

– Културно-уметничка програма

Седмоноемвриски ученички атлетски крос од хотел „Ројал“ до Градски плоштад (во организација на Oпштина Охрид и Сојуз на училиштен спорт)

Време : 14.30 часот

Место : хотел„Ројал“- Градски плоштад

Свечена приредба по повод Патрониот празник на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“

Време : 18.00 часот

Општина Охрид ги поканува сите граѓани на свеченото одбележување по повод 71 година од ослободувањето на градот Охрид.