Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во октомври 2015 година, во споредба со септември 2015 година, остана на исто ниво. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата Безалкохолни пијалаци за 0.1%.
Индексот на цените на угостителските услуги во октомври 2015 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0.7%.
Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – октомври 2015 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 0.4%, додека во однос на декември 2014 година е зголемен за 0.4%.