Согласно агендата на празнувања и активности кои ги организира Локалната самоуправа за 7-ми Ноември- Денот на ослободувањето на Охрид, ЈП „Охридски Комуналец“ презеде вонредни активности за поголем степен на јавна чистота и јавно зеленило на следните локации: Спомен-паркот на револуцијата, спомен-обележјето на Јасна Ристеска во с.Рамне, спомен-обележјата кај Основниот суд-Охрид, градскиот парк и средното стручно училиште „Св.Кирил и Методиј“.