Во Охрид промоција на „Ретро перспектива“ на џез и поп пејачката Стефанија Милевска

Црвен крст Охрид ќе биде домаќин на промоцијата на музичкиот албум „Ретро перспектива“ на младата битолска џез и поп пејачка Стефанија Милевска, која преку песната ширејќи позитивната мисла ќе допре до сите срца.

Овој невообичаен и интересен музички перформанс ќе го збогатат со својот настап на знаковен јазик и штитениците од Заводот за оштетен слух и говор во Битола, како и неколку денс студија од Охрид.

Настанот ќе се одржи на 9-ти ноември (понеделник) во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 18 ч. Влезот е слободен.

Се покануваат нашите сограѓани да го проследат овој настан и ја почувствуваат хуманата димензија на истиот.