Честитка од ОК ВМРО – ДПМНЕ Охрид по повод 7ми ноември, Денот на ослободувањето на Охрид

ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид на сите граѓани им го честита денешниот празник 7-ми Ноември – Денот на ослободувањето на Охрид.

„Денес се присетуваме на херојските подвизи на борците против фашизмот. Ова е денот кога ја искажуваме нашата благодарност кон сите оние борци кои придонесле за ослободувањето на Охрид. Дел од нив, за жал, оваа слобода ја платија прескапо, со положување на сопствените животи. Нивната борба и пожртвуваност како аманет тлеат во секој еден од нас и како завет дека нивните херојства и жртви нема никогаш да бидат заборавени, а слободата за која се бореле ќе ни биде вечна.

Нека ни е честит и вековит Денот на ослободувањето на Охрид.“– стои во честитката.