Уште една победа за КК „АВ Охрид“

КК „АВ Охрид“ забележа нова, трета победа по ред, во рамките од Втората македонска кошаркарска лига. Овој пат, охриѓани играа во гости против екипата на КК „Гостивар 2015“ и на крајот славеа со 76-82.

По три одиграни натпревари, тимот на КК „АВ Охрид“ се наоѓа на првото место од Втората македонска лига, со 6 бодови, исто колку што имаат и КК „Вардар“ и КК „Водњански лисици“.

Следната сабота (14 ноември) во Спортската сала „Билјанини Извори“, КК „АВ Охрид“ ќе игра против екипата на КК „Водњански лисици“.

WebOhrid