Света архиерејска литургија за празникот Митровден

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 8 ноември 2015 година (недела), во црквата „Свети Ѓорѓи“ – Влашка Маала, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Свети великомаченик Димитриј Солунски“ со почеток во 8:45 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.