Во православната црква, празникот Задушница секогаш паѓа во саботата пред празникот Митровден. Тогаш, верниците ги посетуваат гробовите на своите најблиски, таму држат помен и делат храна за душа на починатите. Притоа, во секоја црква се служи литургија за упокоените.
Инаку, во црквата постојат два вида задушници: општи и засебни. Засебните задушници се одржуваат од семејствата во спомен на нивните упокоени роднини, а општите задушници ги назначува црквата, грижејќи се за сите свои упокоени верници. Така, секоја сабота, црквата во своите молитви се обраќа кон сите светци, сеќавајќи се на сите претходно упокоени верници.