СВР Скопје до надлежното Основно Јавно Обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против М.И.(38) од Скопје поради постоење основи на сомнение за извршено кривично дело „тешка телесна повреда при вршење семејно насилство“. Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот одредена му е мерка притвор во траење од 8 дена.
Имено кривичното дело пријавениот го извршил на 04.11.2015 година во семејниот дом, на тој начин што откако се вратил од кафеана во алкохолизирана состојба, на прашањето од сопругата за тоа каде бил, истиот првин не одговорил ништо, а потоа физички ја нападнал удирајќи ја со тупаници и клоци по главата и телото и давејќи ја со рацете околу врат, притоа заканувајќи и се дека ќе ја убие ако го настанот го пријави во полиција, по што заминал од домот.
Оштетената, следниот ден се упатила во Клиника за уво, нос и грло каде што и била укажана лекарска помош и извршен оперативен зафат, за што и се констатирани и тешки телесни повреди.
На 05.11.2015 година М.И. е приведен во полициска станица и извршен е разговор за околностите под кои е извршено кривичното дело.