Белгиски Суд денеска му нареди на Фејсбук во рок од 48 часа да престане со документирање и следење на интернет активностите на неговите корисници во Белгија, закнувајќи се дека во спротивно компанијата сопственик на социјалната мрежа ќе биде казнета со 250.000 евра, јави ДПА.
Одлуката на бриселскиот Граѓански суд уследи откако белгиската Комисија за заштита на приватноста обвини дека компанијата „ Фејсбук “ ги следи и документира личните податоци на корисниците без нивна согласност.
Американската компанија исто така е обвинета и дека ги следи активностите на нејзините корисници преку т.н. „колчиња“, кои се прикачуваат на секого што ќе пристапи на вебстраницата на социјална мрежа Фејсбук.
„Фејсбук“ ги отфрли ваквите обвинување, нагласувајќи дека работи во согласност со европските закони за заштита на попдатоците.
Адвокатите на компанијата нагласуваат дека белгиската Комисија за заштита на приватноста и судот немаат правна надлежност за ваквиот случај, бидејќи седиштето на „Фејсбук“ во Европа се наоѓа во Ирска.
Извор:Нет Прес