Охридските Египќани благодарни на градоначалникот Бакрачески

Охридските Египќани благодарни на градоначалникот Бакрачески

Големо е задоволството, лично и колективно, на плејада генерации -Египќани, кои се посветиле на афирмација на „Египканското прашање“ да бидат спомнати во говорот на еден модерен и проевропски политичар, олицетворен во ликот и делото на Д-р Никола Бакрачески, кој на меѓународна конференција „Единство во различноста“, што се одржа во градот Фиренца-Италија ги истакна припадниците на етничката заедница Египќани, како посебен, автентичен и автохтон етникум.

Тоа, дефинитивно преставува афирмација на мојот народ, во светски рамки, и не беа залудни нашите надежи,  кои ги поклонавме на господинот Д-р Никола Бакрачески, уште во деновите кога се кандидира за Градоначалник на Охрид. Го подржавме, бидејки знаевме дека ова личност, е раритет и свежа крв во политичкиот и општествениот живот, не само во Охрид, ами и во Р.Македонија. Треба да се инвестира во надминување на стереотипите, дискриминацијата, која за жал, се уште е присутна на овие простори, а од која немаат полза никој во едно мултиетничко општество и затоа истото треба да се искорени и елиминира, бидејки Р.Македонија е заеднички дом на сите нејзини грагани.

Демир Далип, НВО Коалиција на Египќаните

*Ставовите во категоријата Писма/Колумни се лични ставови на авторите, за кои редакцијата на WebOhrid не сноси никаква одговорност.