Денес во просториите на Агенцијата за млади и спорт се одржа прес-конференција по повод претстојната изложба на делата од младите уметници.
Станува збор за Проект кој Агенцијата за млади и спорт кој се реализира по втор пат во насока на поддршка на младите талентирани уметници. Проектот има за цел поттикнување на младите луѓе да ги покажат своите дела пред јавноста, но и да ги мотивира и понатаму да творат и да го развиваат својот талент.
Согласно критериумите на конкурсот пристигнатите дела се од 5 различни дисциплини: сликарство, скулптура, графика, графички дизајн и фотографија.
Најдобрите од сите пет дисциплини ќе бидат наградени со по 40.000 денари, а сите дела ќе бидат изложени и ќе можат да се видат од среда 11 ноември од 18 часот за кога е закажано и свеченото отворање на изложбата во Националната Галерија на Македонија – Мала Станица во Скопје.