Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 08.11.2015 издадени се потврди на вкупно 3.673 странски државјани, од кои 1.874 се од машки пол, 640 се од женски, 916 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 243 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-2.175, Авганистан–788, Ирак-428, додека другите се во помал број.
Во периодот од 19.06.2015 до 08.11.2015 година до 24:00 часот, издадени се потврди на вкупно 224.911 странски државјани, од кои, 135.147 се од машки пол, 33.388 се од женски, 44.983 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 11.393 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-142.925, потоа Авганистан-47.953, Ирак-17.190, Пакистан-4.749, Иран-4.335, Палестина-1.873, Сомалија-1.117, Бангладеж-1.035, Конго-508, Мароко-469, Алжир-307, Либан-292, Нигерија-268, додека останатите се во помал број.
Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 08.11.2015 до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил .
Од започнувањето на издавањето на потврдите до 08.11.2015 година до Одделението за азил се поднесени 70 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда , при што 51 барања се од државјани на Сирија, од нив 15 за деца, потоа пет барања од државјани на Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан , по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.
Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 08.11.2015 година евидентирани се вкупно 3 баратели на азил, сите мажи. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита 3 баратели на азил ( малолетно лице со придружба на старател и двајца мажи ) се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.