ВМРО-ДПМНЕ: Охрид секогаш ќе биде лулка на ВМРО-ДПМНЕ и стожерот на Македонија

Во просториите на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид денес се одржа прес-конференција, на која говореа кандидатот за градоначалник д-р Митко Тилевски и носителот на советничката листа д-р Кирил Пецаков.

„Заедно со останатите советници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата застанувам гордо пред вас со остварлива визија и цел за Охрид со работа, дела и отчетност да се внесе во Новата Ера, гордо и достоинствено. За нас најважната работа е дадениот збор. Во изминатите четири години неуморно се реализираа најголем број проекти за кои дадовме збор, максимално се вложивме за изградба на Охрид како современа општина. Сите охриѓани видоа една нова сосема отворена локална самоуправа, посветена кон целата јавност и која беше вистински сервис во решавањето на проблемите и на потребите на секој жител во Охрид. Токму затоа граѓаните можат да бидат сигурни дека новите проекти што ќе ги понудиме со новата изборна програма, ќе се реализираат во периодот од наредните четири години. Продолжуваме посветено и неуморно како и досега, продолжуваме да работиме за подобар живот за сите граѓани на Охрид. Тие што вистински го сакаат својот град, работат за него, го сакаат со дела.“– истакна носителот на советничката листа д-р Кирил Пецаков.

Тој ги повикува сите политички субјекти на соработка и заемно почитување со цел зајакнување на демократските капацитети во сите сфери на современото живеење.

„По позитивниот почеток на на кампањата, да продолжиме да чекориме по патот на успехот, тоа е влогот на нашата генерација што мора да го исполниме со мудрост, со чесност и со работа. За мене како личност политиката не е борба за власт, За ВМРО-ДПМНЕ политиката е одговорност. Политиката е натпревар на идеи, служење на народот. Вие го заслужуваувате тоа и го очекувате а наше е да ја оствариме довербата како света работа. Да го заокружиме бројот 13 за тринаесет советници и мнозинтво во Советот за продолжување на делата за светла иднина во Охрид. Секогаш работа, секогаш Охрид, секогаш Македонија.“– додаде Пецаков. 

Од денеска ни се отвораат вратите кон нови предизвици, нови реализации, нови проекти, нови работни места…Денешниот ден не е ист како претходните, бидејќи муграта ни најави едно подобро утре. Ја најави новата ера која ќе внесе насмевка во вашите семејства. Уште од денеска започнуваме со работа, која ќе триумфира на 15 октомври со голема победа уште во првиот круг. Вака денес кандидатот за градоначалник за Охрид, Митко Тилески се обрати до јавноста.

„Охрид секогаш ќе биде лулка на ВМРО-ДПМНЕ и стожерот на Македонија. Ние вистински го сакаме својот град, секогаш работиме за него, го сакаме со сето срце и душа. Ќе го посетиме секое маало, секоја улица и куќа презентирајќи ја Програмата. Нашите одлуки се одговор на барањата на граѓаните. Заедно продолжуваме кон решавање на проблемите, со цел да обезбедиме подобра иднина за нашиот град. Во Охрид ќе победи работата, ќе победат охриѓани. Јас сум убеден и верувам дека ќе ја препознаете вистинската сила токму во мене и Советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата како вистински избор за светла иднина на градот Охрид. Ја изразувам својата желба и надеж за мирни, достоинствени, фер и демократски локални избори, избори со кои ние како охриѓани ќе покажеме дека припаѓаме на делот на цивилизираната заедница. Јас верувам во вас, знам дека сакате и можете. Вие сте добри луѓе кои си го сакаат сопствениот град и сопствената земја. Заедно, сплотени, единствени кон победа.“- додаде Тилески.

WebOhrid