Милошоски: Денешниот извештај е тежок пораз за деструктивната политика на СДСМ

Членот на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, одржа прес-конференција, на која истакна:

„Почитувани,

Република Македонија повторно доби извештај со препорака и тоа е извештај коишто гарантира дека оваа држава има капацитет за успешно да ја задржи препораката. Но, за жал Еврпоскиот совет, не веруваме дека во овој момент има капацитет да постигне едногласност за оваа препорака да ја преточи во одлука за почеток на преговорите.

Македонија продолжува напред и покрај сите обиди на СДСМ да ја втурне во политичка криза која што ја креираа пред 9 месеци господинот Зоран Заев и неговата колешка Радмила Шекеринска.

Со извештајот стана јасно дека сите напори што ги вложи владата на Република Македонија, предводена од коалицијата каде што ВМРО-ДПМНЕ има клучна улога, сите реформи за приближување кон Европската Унија се препознаени и признаени од страна на Европската комисија, и тие во економијата, и тие во земјоделието, и во областа на безбедноста и владеењето на правото и во сите други сфери кои што беа дел од оценување на извештајот.

Овие оценки беа доволни за Европската комисија да заклучи дека Македонија заслужува да ја задржи препораката која што за првпат ја добивме во 2009 година.

Тоа што го видоа сите граѓани на Република Македонија во изминативе година дена го виде Европа и јасно го забележа. Тоа што извештајот има препорака е најголем доказ дека капацитетот на Република македонија е многу посилен од деструктивните политики што ги водеше СДСМ изминативе девет месеци. Целта на СДСМ да создаде политичка криза која што ќе се одрази со губење на препораката во Извештајот за Македонија не е исполнета то значи дкеа извештајот со препорака за Република Македонија е пораз за политиките на СДСМ.

Но нивното однесување и деструктивност во изминативе 9 месеци сепак не беше без последици и со самото тоа може да се заклучи дека одредени услови кои што се забележани во самиот извештај се исходот од деструктивното однесување на СДСМ со нивнаото креирање на политичка криза пред 9 месеци.

Кога во извештајот ќе се прочитаат редовите каде што пишува дека бојкотот на Собранието сериозно влијаеше врз контролната функција на законодавната над извршната власт станува повеќе од јасно дека СДСМ и пред изборите 2014 година, а и потоа после изборите веќе имал јасно скроен план за тоа како ќе настапува после изборите и која била целта на бојкотот на Собранието, а тоа е да се предизвика политичка криза која што ќе создаде внатрешна домашна политичка и економска нестабилност, а истото тоа ќе се одрази и на извештаите на меѓународните организации како и Европската унија, надевајќи се дека Заев и Шекеринска ќе успеат Македонија да ја остават без препорака во овој извештај.

Кога станува збор за СДСМ и тоа е многу очигледно, што нивните пратеници повеќе од 6 месеци земаа плата без да се појават на работното место и на таков начин го имаа нивниот однос кон Собранието.

Кога станува збор за забелешките за корупцијата евидентно е дека нема поголем тандем за корупција во Република Македонија од двоецот Заев и Шекеринска, првиот со неговиот популарен брат, втората со нејзиниот сопруг и издавањето на станови меѓусебно, што веројатно е и одреден сомнеж на перење на пари.

Денешниот извештај е тежок пораз за деструктивната политика на СДСМ. Денешниот извештај е потврда за капацитетот на Република Македонија да биде, не само кандидат, туку и замја која што може да ги отпочне преговорите за членство со ЕУ.

Без разлика на извештајот убедени сме дека нивната партија како што водеше досега одредена деструктивна политика ќе продолжи и во следниот, особено предизборен, период со истиот начин на водење политика, но од наша страна јасно порачуваме дека интересите на државата не треба да бидат заложник на било чии партиски интереси, без разлика дали имаат деструктивно однесување или краткорочна или долгорочна визија. Она што сме го договориле како политички партии треба да се почитува.

Сета оваа наметната криза, со цел некој да дојде на власт без избори, ќе заврши на 24 април кога мора да се одржат изборите и уште еднаш граѓаните најмеродавно ќе го дадат својот извештај за политиките во Република Македонија.“– истакна Милошоски.